Шведскиот производител на мебел IKEA осмисли начин како да ја зголеми видливоста на брендот без да се потпира на традиционалните огласувачки буџети, додавајќи нова иновативна ставка во својата маркетинг стартегија – претворање на домашни прозорци во огласувачки простор.
На почетокот на септември, IKEA ги повика Швеѓаните да се пријават за „Sleepfluencers“ (му доаѓа нешто како „инфлуенсери при спиење“). Понудениот договорот беше дека апликантите ќе добијат бесплатна ролетна за затемнување, која што одлично ја исполнува својата намена за време на долгите скандинавски летни денови .
Меѓутоа, од другата страна на ролетните т.е. од онаа страна што гледа кон надвор, прикажани се реклами за душеци, перници, јоргани и друга опрема за спиење. Закачени на прозорците, ролетните ги трансформираат фасадите на домовите во привлечни мини билборди – претставувајќи ги производите на IKEA пред случајните минувачи, додека домаќините мирно спијат.
Доделувајќи им чувство на ексклузивност, компанијата ги повика учесниците да помогнат во досегот до што повеќе луѓе со обично спиење, притоа заслужувајќи ја почесната титула: „Sleepfluencers“.
Кампањата е осмислена и реализирана во соработка со креативната агенција Åkestam Holst Noa од Стокхолм.