Конкурсот за 10-то регионално доделување на награди – KAKTUS 2024 е отворен до 11 октомври. Наградите се доделуваат во 25 категории, а се доделуваат на организации, компании, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални индивидуални и интегрирани кампањи во изминатата година.
За тоа кој ќе ги добие овогодинешните награди KAKTUS ќе одлучува стручно жири составено од 40 признати и почитувани професионалци од компании, креативни, ПР и дигитални агенции од целиот регион. Членовите на жирито оваа година ќе работат во две групи:
– едноканално жири (членовите на жирито ги оценуваат само трудовите поднесени во поединечни категории); и
– повеќеканално жири (членовите на жирито ги оценуваат само трудовите поднесени во интегрирани категории).
Оваа година, едноканалното жири ќе биде составено од:
- Александар Живаниќ, Creative Director, Aquarius (Босна и Херцеговина);
- Ања Омерза Девчиќ, Head of Social, BBDO Zagreb (Хрватска);
- Бојана Савиќ, PR & Digital Manager, MPC Properties (Србија);
- Бранка Летица, Executive Division Director for Marketing and Communications, NLB Komercijalna banka (Србија);
- Далиборка Росиќ, Marketing Director, Dr. Oetker (Србија);
- Дијана Дретар, Creative Director, 404 (Хрватска);
- Дивна Пешкир, Senior Copywriter, Executive Group; Gal Erbežnik, Executive Creative Director, AV Studio (Словенија);
- Горан Радиновиќ, Creative & Art Director, Aritmija (Словенија);
- Хрвоје Шкурла, Creative Director, PINK MOON (Хрватска);
- Ивана Ловриќ, Social Media & PR Team Lead, Degordian (Хрватска);
- Јелена Ќорсовиќ, Head of Digital, Kreativa an element of Alkemy (Србија);
- Јована Брадаш, Associate Creative Director, McCann Beograd (Србија);
- Јулија Сомрак, Creative Director, DROM Agency (Словенија);
- Катарина Тодосијевиќ, Marketing and PR Director, New Moment New Ideas Company (Србија);
- Луција Поточник, Strategic Planning & Creative Director, Studio Sonda (Хрватска);
- Маро Питаревиќ, Creative Director, Real Grupa (Хрватска);
- Радош Вуковиќ, Art Director, Evoke Marketing Agency (Србија);
- Стефан Плавшиќ, Digital Communications Director, Olaf&McAteer (Србија);
- Вања Самарџија, Associate Creative Director, Saatchi&Saatchi Belgrade (Србија).
Повеќеканалното жири оваа година ќе се состои од:
- Андреја Њежиќ, Co-Founder & Creative Director, Creative Disorder Studio (Србија);
- Ева Ѓорек, Creative Director, Agencija 101 (Словенија);
- Ивана Анкиќ, Marketing Director, Coca-Cola HBC (Србија);
- Јан Омахен, Creative Director, Luna\TBWA (Словенија);
- Јована Раден, Associate Creative Director, Fullhouse Ogilvy (Србија);
- Јуре Товрљан, Creative Director, Pristop (Словенија);
- Марин Остојиќ, Creative Director, ZOO (Хрватска);
- Мартина Петровиќ, Director of Marketing & Corporate Communications & ESG, A1 Srbija (Србија);
- Милан Стојанов, Creative Director, Publicis Group (Македонија);
- Милена Квапил, Creative Director, Ivan Aran Studio (Србија);
- Милица Јелениќ, Head of Customer Experience and Marketing, Generali osiguranje (Србија);
- Милица Шљиванчанин, Marketing Manager, Henkel Consumer Brands (Србија);
- Нина Танхофер, Head of Digital Strategy and Innovation, herman&partnerji (Словенија);
- Светлана Кунчер, Head of Integrated Communications Sector, Direct Media United Solutions (Црна Гора);
- Вања Циниќ, Creative Director, Bruketa&Žinić&Grey (Хрватска);
- Вања Луетиќ, Creative Director, McCann Zagreb (Хрватска);
- Владимир Митровиќ, Creative Director, Ovation BBDO (Србија);
- Владимир Зариќ, Chief Marketing Officer, Ananas E-Commerce (Србија);
- Влатко Младеновиќ, Creative Director, Polet Group (Србија);
- Жаре Керин, Creative Director, Futura DDB (Словенија).
Новина во овогодинешниот натпревар KAKTUS 2024 е категоријаta „Поткаст“. Во оваа категорија ќе биде награден најдобриот поткаст кој носи различна, свежа, едукативна, забавна содржина и е примарен канал на комуникација во рамките на кампањата.
Исто така, почнувајќи од оваа година, проектите може да се пријавуваат исклучиво во видео формат до 3 минути, а воведен е и „disclaimer“ за употреба на вештачка интелигенција, што значи дека доколку во кампањата се користеле некои алатки за вештачка интелигенција со цел креирање визуелни илустрации или развој на идеи, задолжително е формуларот за апликација јасно да означува како е користена вештачката интелигенција и во колкав процент во рамките на пријавената кампања.
Годинава, на натпреварот можат да се пријавуваат кампањи кои биле спроведени или во најголем дел реализирани во периодот од 1 август 2023 до 1 август 2024 година.
Наградите свечено ќе бидат доделени на 10-от фестивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2024, кој годинава се одржува под слоганот „Само остро“. Фестивалот ќе се одржи на 26 и 27 ноември во Белград, Србија.
Условите на натпреварот, пропозициите и категориите, како и формуларот за пријавување и Деловникот за работа на жирито, можете да ги погледнете на веб-страницата www.kaktus.rs.