Неодамнешнте навестувања дека популарната Бијонсе ќе биде новиот амбасадор на брендот фармерки Levi’s се остварија. Во првата од серијата реклами, американската поп-дива ја рекреира иконичната реклама “Launderette” од далечната 1985 година.
Согласно сценариото на старата реклама, ја гледаме Бијонсе како влегува во перална и ги соблекува своите фармерки пред да ги стави во машина за перење, предизвикувајќи го вниманието на останатите корисници. Дејството е проследено со песната „Levii’s Jeans“ од нејзиниот последен албум.
Рекламата e создадена од агенцијата TBWA\Chiat\Day Los Angeles и режирана од наградуваниот кинематограф Марсел Рев.
Објавениот спот ќе биде само дел од поширока кампања која ќе опфаќа содржини за телевизија, дигитални канали, социјални медуми, надворешно огласување и принт, бренд активации и ексклузивни производи, со дигитални проекции на клучните пазари во Лондон, Париз, Њујорк, Чикаго, Берлин и Атланта.
Во продолжение погледнете ја новата реклама со Бијонсе и старата реклама на која е базирана: