Отпочнувањето на новата сезона во Националната фудбалска лига на САД го означува и почетокот на натпреварот помеѓу огласувачите да го привлечат вниманието на гледачите. Кулминација ќе биде финалниот натпревар познат како Super Bowl, закажан за 9 февруари 2025 година, а дотогаш брендовите постепено ќе ги откриваат своите креативни огласувачки планови.
Такви планови речиси сигурно ги има сервисот за достава на храна Uber Eats, кој што го лансираше првиот во низа спотови за оваа фудбалска сезона. Во главните улоги на кампањата се јавуваат познатиот холивудски актер Метју Меконахи и американската НФЛ ѕвезда Кристијан МекКафри.
Двајцата седат пред телевизот со обилни количини на храна поставени на масичката пред нив. МекКафри коментира дека е постојано гладен кога гледа фудбал, поттикнувајќи го Меконахи да му ги открие своите конспиративни теории за „тајната врска“ помеѓу споротот и храната.
Актерот самоуверено посочува дека фудбалот е измислен за да ги натера луѓето да јадат повеќе, при што својата теорија ја аргументира со низа примери на совпаѓање помеѓу фудбалската и кулинарската терминологија.
Хумористичната реклама е создадена во соработка со креативната агенција Special U.S.