Остануваат нешто помалку од три недели до SoMo Borac, поддржан од Aleph, кој и оваа година ќе одржи целодневна конференција на која најголемите регионални експерти ќе зборуваат за трендовите во дигиталната индустрија.
Пријавувањето е затворено, а жирито има предизвикувачка задача, бидејќи вкупно пристигнале над 235 апликации во категориите за медиуми и огласување, што претставува рекорд во 12-те години постоење на SoMo Borac.
„Уште еднаш докажавме дека регионот ги следи трендовите, дека дигиталниот сегмент се развива и се наоѓа на самиот врв во креирањето на одлични кампањи и производи. Во огласувачката секција, оваа година, убедливо најпопуларна беше категоријата „Дигитална активација“, додека категоријата „Најдобро раскажување приказни“ доби најмногу апликации во медиумската секција. Можам само да кажам дека со нетрпение чекам да видам кои проекти ќе го соборат жирито од нозе и дека сум многу горда на сето она што досега го направивме за развој на дигиталната заедница во целиот регион“ – посочува Ружица Врдољак Личина, извршна директорка на SoMo Borac.
Оваа година се воведени две нови категории: „Дигитални производи“ во огласувачката секција и „Најдобра медиумска функција“ во медиумската секција. Категоријата „Дигитални производи“, спонзорирана од Fonoa, забележа голем интерес. Повеќе од 20 пристигнати апликации покажуваат силен тренд на раст и развој на дигиталните производи во Хрватска и регионот. Fonoa предизвика вистинска револуција во дигитализацијата на даноците бидејќи беше прва во светот што разви интегриран систем за оданочување на глобалните трансакции што го користат светските технолошки лидери како Uber, Dell, Lenovo, Bolt, Glovo, Zoom, Intuit, Snap и Netflix, а дневно обработува десетици милиони трансакции.
„Преку спонзорството на новата категорија сакаме да го поттикнеме развојот и дизајнот на дигиталните производи во Хрватска и регионот. Од нашиот сопствен пример знаеме колку е тоа тешка и напорна работа, но и возбудлива, бидејќи имате можност да го промените начинот на кој функционира светот. Нашето решение им помогна на многу светски компании, што значи дека квалитетниот дигитален производ нема граници“ – истакнува Давор Тремац, извршен директор и ко-основач на Fonoa.
Сите новости за овогодинешното издание можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac, преку официјлната веб-страница или преку профилите на Facebook, Instagram и LinkedIn. Исто така, не ги пропуштајте новите епизоди од третата сезона на нивниот поткаст.