Хрватскиот производител на тестенини Marodi и агенцијата Bruketa&Žinić&Grey освоија бронзена награда на креативниот натпревар Cresta за кампањата „Приказна вредна секоја буква“ („Priča koja vrijedi svakog slova“).
Инспирацијата за проектот произлегла од фактот што Меѓуморското народно пеење од Хрватска беше вклучено во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото во 2018 година и ќе остане заштитено на неа се додека се користи.
Со цел да се придонесе кон зачувувањето на овој тип пеење, агенцијата и брендот создадоа ограничено издание на збирка од пет книги меѓуморски песни – „Приказни вредна секоја буква“. Притоа, секоја книга доаѓа со посебно пакување абецедни тестенини за супа од Marodi, со точниот број на букви кои ја сочинуваат дадената песна.
Новата награда за проектот беше освоена во категоријата „PRINT CRAFT/Outstanding Art Direction“ и претставува вкупно шеста награда Cresta за агенцијата Bruketa&Žinić&Grey.
Cresta е меѓународен натпревар кој ги наградува најдобрите креативни остварувања пазарните комуникации веќе 31 година. За разлика од други слични натпревари, овде победниците се избираат со збир на бодови од сите 120 членови на жирито, без нивни меѓусебни дискусии кои би можеле да влијаат на бодувањето.
Во продолжение погледнете ја видео презентацијата на проектот „Приказна вредна секоја буква“: