Американската Национална кошаркарска асоцијација (НБА) лансираше нова рекламна кампања со која го најавува почетокот на натпреварувачката сезона 2024/25.
Во спотот кој трае нешто повеќе од една минута се појавуваат низа кошаркарски ѕвезди, музичари и актери, сите подготвени да скокнат по првата топка за почетокот на натпреварот и новата сезона. Видеото е проследено со соодветно именуваната песна “Jump” од легендарниот американски рок бенд Van Halen.
Со својата нова рекламна стратегија, НБА има за цел да го привлече вниманието на младата генерацијата Z, која сочинува околу една четвртина од гледачите на натпреварите, и да ги претвори во лојална публика.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Translation.