Агенциската групација WPP соопшти дека склучила глобално партнерство со Roblox, водечка имерсивна платформа за игри и креирање, надоврзувајќи се на неколкугодишната соработка во сферата на тридимензионалните интерактивни брендирани содржини и огласувањето. Партнерството треба да помогне во зајакнувањето и проширувањето на експертизата меѓу агенциските тимови и брендовите во користењето на Roblox како нов медиски канал.
Имерсивните платформи како Roblox го привлекуваат вниманието на младите припадници на Генерацијата Z, како демографска категорија која поминува милиони часови дневно во овие дигитални светови. Партнерството ја надоградува експертизата на WPP во водењето на брендовите низ овој медиумски пејзаж кој забрзано се развива, искористувајќи ја моќта на имерсивните медиуми, вклучително и видеоигрите – најбрзо растечкиот канал за да се допре до демографската група на Gen Z – сè со цел да се отклучат нови можности за ангажирање на потрошувачите.
Засновајќи се на речиси 80 милиони дневни активни корисници на Roblox и големото искуство на WPP во гејминг секторот, соработката вклучува широк опсег на иницијативи од понуда на Roblox „спринт“ денови до заеднички советодавни тела за унапредување на 3D мерењето и едукацијата во однос на платформата Roblox, со намера да се прошират границите на креативноста на Roblox како никогаш досега.
WPP и нејзината медиумска инвестициска компанија, GroupM, ќе се приклучат на официјалната програма за партнери на Roblox како агенциски партнер за да соработуваат директно со платформата и да воспостават долгорочна врска за мерење и советување, обликувајќи ја иднината на екосистемот за брендовите кои сакаат да се присутни на платформа и поставувајќи нови стандарди во однос на тродимензионалните виртуелни простори и имерсивните медиуми. Roblox ќе развие иновативни начини за креативните агенции на WPP да ја користат платформата како креативен мотор и да склучуваат партнерства со креаторите на содржини во Roblox.
WPP и Roblox исто така ќе работат заедно за да ја пилотираат првата од својот вид програма за сертификација за Roblox, со цел маркетерите да ја продлабочат својата експертиза за екосистемот на платформата. Едукативната програма ќе вклучува повеќа модули наменети за креативни и за медиумски агенции, при што членовите на тимот на WPP ќе бидат првите што ќе можат да ја сертифицираат својата експертиза за платформата Roblox.
Партнерството се надоврзува на долгогодишната сорабтока што WPP и Roblox ја имаат во име на повеќе глобални клиенти, вклучувајќи ги Adidas, Church & Dwight, Danone, Nickelodeon и Paramount. Во иднина, WPP и Roblox ќе бидат домаќини на серија „спринтерски денови“ за клиентите, на кои тие ќе можат да се поврзуваат со искусни креатори на содржини од заедницата на Roblox, со девелоперски студија и агенциски стратези, со цел да развијат уникатна бренд активација за само еден работен ден.