Со цел подигнување на возубудата за новата фудбалска видеоигра „EA Sports FC 25“, компанијата за развој на видеоигри Electronic Arts објави динамична нова реклама која го доловува целиот спектар на емоции што доаѓаат со „прекрасната игра“.
Динамичниот видеоспот претставува колаж од гејмплеј снимки со сцени од реалниот живот исполнети со силни чувства на радоста, тага и фрустрација – односно целиот спектар на емоции кои може да се почувствуваат на фудбалските терени, на улиците, на земјените игралишта или преку екраните, покажувајќи ја длабоката врска помеѓу играчите и навивачите.
Среде сета акција, фановите можат да го видат Џуд Белингам како губи од неговиот брат Џобе, потоа Џанлуиџи Буфон како ментално ги надигрува своите противници, а Зинедин Зидан дава инспиративен говор, додека Дејвид Бекам паузира сè и се затвора сам за да може комотно да ја игра FC 25.
Рекламата е создадена во соработка со креативната агенција Uncommon Creative Studio и продукциското студио Somesuch.