На 9 и 10 октомври 2024 година се одржа јубилејното 30. издание на на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum. Покрај целодневната програма на предавања и дискусии за трендовите во огласувачката индустрија, на фестивалот беа доделени и признанија за најуспешните кампања во изминатата година.
Од вкупно 223 креативни проекти кои влегоа во финалето на Golden Drum, стручното жири одлучи да додели 62 бронзени награди, 58 сребрени награди, 37 златни награди и 17 „Гран при“ награди. Сите пријавени и наградени проекти на Golden Drum 2024 можат да се разгледаат на следниот ЛИНК.
Освен тоа, на свечената наградна церемонија во словенечки Порторож беа доделени и специјалните награди за најуспешните агенции, агенциски мрежи и огласувачи на годината. Како што известивме претходно, македонските финалисти – агенцијата McCann Skopje и клиентот Халкбанк АД Скопје, освоија две награди и титулата „Агенција на годината во Јадранскиот регион“.
Во продолжение разгледајте ја фотогалеријата од добитниците на специјалните награди кои се искачија фестивалската сцена во Порторож.
Агенциска мрежа на годината: McCann Worldgroup
Агенција на годината: LePub Milan
Независна агенција на годината: Bickerstaff.756 Kyiv
Агенција на годината во Јадранскиот регион: McCann Skopje
Продукциска агенција на годината: wearekindofstudio
Медиска агенција на годината: UM Romania
Дигитална агенција на годината: MRM Romania
Креативен директор на годината: Бартош Јеглејевски од McCann Poland
Бренд на годината: Heineken
Најдобра кампања која го отсликува локалниот дух: „Selfless Shelves“ од Fp7 McCann Beirut
Најдобра кампања за општествено добро: „The Minefields Honey Project“ од Saatchi & Saatchi Ukraine
Најреволуционерна кампања: „Pub Museums“ од LePub Milan
Нов иницијант во „Куќата на славните“: Ека Руола, генерален креативен директор и претседател на Nitro Group од Финска
Победници во натпреварот за млади креативци: Николета Гулишек и Матуш Коларик од Istropolitana Ogilvy (Словачка)
Разгледајте ги сите пријавени и наградени проекти на Golden Drum 2024 на следниот ЛИНК.