Согласно стратешката заложба за континуиран одржлив развој и добро еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG) во согласност со меѓународните стандарди и практики АЛКАЛОИД АД Скопје организираше ESG работилница за своите вработени, со главна цел да се подигне свеста за ESG-темите во рамките на АЛКАЛОИД АД Скопје како и кај неговите капитално поврзани друштва.
Покрај ESG-одборот и менаџментот на компанијата кој е директно поврзан со ESG-сегментот во работењето, на работилницата беа поканети и ESG-офицерите назначени од капитално поврзаните друштва на АЛКАЛОИД од земјите каде што компанијата има свои операции и активности.
На ESG-работилницата насловена „Подготовка на консолидиран ESG-извештај на групацијата Алкалоид – практики решенија и насоки“, беа опфатени теми поврзани со основите на ESG-сегментот, најновата ЕУ регулатива и стандардите во оваа област како и детални практики и примери за ESG-известувањето во АЛКАЛОИД и улогата на ESG-офицерите во процесот на консолидирање на податоците во изработка на ESG-извештајот.
Имајќи ја предвид сложеноста на активностите за изготвување на целосно консолидиран нефинансиски ESG-извештај согласно меѓународните стандарди и регулативи и важноста на улогата на ESG-офицерите, работилницата имаше за цел да ја пренесе важноста на ESG-сегментот oд работењето на нашата компанија како и детално да ги запознае со барањата на меѓународните стандарди од оваа област. Улогата на ESG-офицерите ќе биде клучна во целосното поврзување и консолидирање на ESG-сегментот во АЛКАЛОИД групацијата во процесот на известувањето за реализираните ESG-цели и за остварените ESG-индикатори. Токму затоа, оваа работилница придонесе за унапредување на процесот за подготовка на консолидиран ESG-извештај со размена на позитивни практики, применливи решенија и насоки за подобрување на ефикасноста во изготвувањето на извештајот.
Свесни за влијанието што го имаме во општеството, во улога на лидер во прифаќањето на новитетите и усвојувањето на промените во секојдневното работење и дејствување, остануваме посветени на концептот на транспарентно и етичко известување за остварување на ESG-целите поставени во нашата ESG-стратегија и ја одразуваме нашата посветеност за одговорно однесување кон животната средина, заедницата и кон луѓето пред сè.