На околу две недели до американските претседателски избори, поранешен претседател и актуелен републиканскиот кандидат Доналд Трамп одлучи да одработи кратка смена во „драјв-тру“ на McDonald’s.
Како дојде до тоа? Епа, неговата противкандидатка од Демократстката партија и актуелна потпретседателка на државата, Камала Харис, тврди дека едно лето од својата младост работела во McDonald’s.
Меѓутоа, републиканскиот кандидат ја спори нејзината приказна, сметајќи ја за непотврдена. Затоа, тој одлучил да одработи барем „15 минути повеќе“ од Камала во ресторанот за брза храна.
Инаку, Доналд Трамп е познат како страствен љубител на брзата храна и тоа особено онаа на McDonald’s. Ова не е прв пат како во своите политичко-кампањски активности посетува ресторан на McDonald’s, но сега е прв пат како го прави тоа од перспектива на работниците.
За време на својата кратка смена, поранешниот претседател пржеше помфрит во фритеза и потоа го работеше прозорчето за додавање нарачки на минувачите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ресторанот се наоѓа во клучната изборна држава Пенсилванија, каде што потоа Трамп одржа предизборен митинг.
Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември.
View this post on Instagram
View this post on Instagram