Американскиот синџир на ресторани за брза храна Taco Bell ги отвори вратите на својот прв ресторан во Сараево, што претставува голема пресвртница во меѓународната експанзија на брендот, означувајќи го неговото прво појавување на Балканот (ако не ја сметаме Романија за дел од Балканот).
Новата локација во населбата Илиџа ќе го подобри стратешкиот план на Taco Bell за проширување на своето присуство во балканскиот регион и пошироко. Босна и Херцеговина во изминатите години покажа силен раст во секторот за брза и лежерна консумација на храна, а Сараево, како културен и деловен центар на државата, претставува значајна можност за брендот.
„Доаѓањето на Taco Bell во Сараево е клучен чекор во нашата меѓународна траекторија за раст. Динамичниот пазар на Босна и Херцеговина ни нуди единствена можност да се поврземе со нови клиенти и да го прошириме нашето присуство на Балканот“ – истакнува Ијан Крана, генерален директор на Taco Bell за Европа.
Taco Bell соработува со франшизи како што е Групацијата Aptha за да ја поттикне довербата и да ги зајакне односите на локалниот пазар. Користејќи ги увидите на глобалниот пазар и експертизата на франшизата, Taco Bell има за цел да го поттикне растот и да ја задржи својата лидерска позиција меѓу рестораните за брза храна.
„Возбудени сме што ќе го донесеме брендот Taco Bell и неговите препознатливи вкусови во Сараево. Нашиот тим е посветен на обезбедување уникатно искуство кое го комбинира иновативното мени на Taco Bell со гостопримлива атмосфера“ – посочува Пеѓа Сарајилиќ од Aphta Group, франшизната група одговорна за отворање на новата локација во Сараево.
Познат по своите уникатни понуди и менито инспирирано од мексиканската кујна, ресторанот на Taco Bell ќе ги содржи нивните препознатливи оброци, вклучувајќи различни видови на тако, бурито, начос, кесадили и многу повеќе. Новиот ресторан, кој се наоѓа на ул. „Мустафа Пинтола“ 2Д во Сараево, ќе работи седум дена во неделата од 10 до 22 часот, а таму ќе работат 35 вработени.