Сè уште сме октомври, но британските огласувачи веќе размислуваат за своите Божиќни маркетинг кампањи и промотивни понуди. Некои, пак, веќе започнуваат со нивна имплементација.
Онлајн трговската платформа Freemans ја лансираше една од првите Божиќни кампањи за оваа година. Главната улога ја толкува британската пејачка Софи Елис-Бекстор, која доставува подароци до домовите на потрошувачите во придружба на луѓе облечени во новите сезонски модни колекции на Freemans.
Кампањата има за цел да ги инспирира купувачите да започнат со купувањето на Божиќни подароци, додека истовремено нуди начини да им помогне во менаџирањето на трошоците од нивниот онлајн шопинг.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција MullenLowe London.