NEM 2015 е најголемиот медиумски настан во нашиот регион и ги собира најважните професионалци од индустријата на едно место. Еден од истакнатите говорници на овогодинешниот NEM е и Scott Ehrlich, директор и основач на платформата Qyou. Господинот Ehrlich ќе учествува на панелот It’s a Jungle Out there, на кој со колегите ќе го прокоментира денешниот телевизиски пазар и новите ситуации на пазарот со оглед на се поголемиот број на нови платформи.
Целата кариера ја поминавте во телевизиската индустрија. Можете ли да ни кажете што се таа вклучува?
Имено, освен во светот на филмот, кариерата ја поминав и во програмерската индустрија, како и во технолошката. Во почетокот на 90-тите започнав да работам на talk show-а, информативните емисии и сл. Во 1993 година бев во NBC, како член на тимот кој ја заврте ситуацијата таму, бев задолжен за Foxnews.com, Foxsports.com и Fox.com. Во 2001 започнав со онлајн видеопретплатата кога сите мислеа дека тоа е лудост. Во 2003 година милион луѓе ми плаќаа најмалку 10 долари месечно за пристап до премиум видеата на барање.
Пред шест-седум години одлучив да се вратам таму каде што започнав, на креативната страна на работата. Ја продуцирав серијата The League of Extraordinary Dancers, која неколку години беше најдобро оценета серија на Хулу. Врз основа на тоа го започнав YouTube каналот Substance over Hype кој произведе многу квалитетни содржини за интернет и платформа на која ме поттикнаа неколку компании, вклучувајќи ја и MTV. Мојот бизнис партнер е добитник на награда за продукција на музички спотови и уште неколку работи. Ја продуцираше Lucky Star на Мадона, а кон крајот на 80-тите продуцира шест од десет најдобри спотови на MTV. Помислив, MTV започна во 1981 година, но денес не се фокусираме на музичките спотови, туку на фантастичните содржини кои луѓето ги ставаат на интернет. На Qyou нас не поттикна историјата на MTV, моите соработници и креативната заедница овде во Лос Анџелес.
Колку видеа добивате? Добивате ли од овај дел на светот?
Да, одсекаде. Моментално имаме многу руски содржини, најдовме некои сјајни видеа и филмови. Добивме согласност од Црвената армија да ја објавиме Get Lucky во изведба на нивниот хор, тоа е едно од најдрагите видеа воопшто. Секако, најголемиот број на содржини доаѓаат од земјите каде што имаме дистрибуција. Најдовме доста кул материјали. Цалта ни е да лансираме локализирана верзија на каналот- автентична верзија со оргинална содржина.
Како би ги опишале промените во телевизиската индустрија откако започнавте да работите? Кои моменти ги сметате за клучни?
Кога ги гледате Fox News Channel и кога гледате што постигнавме со Q-you, буџетите и количината на работа значајно се променаа. Тогаш продукцијата беше многу сакпа, трошоците значајно се променаа. Мислам дека профитиравме од промените во технолошкиот свет. Технологијата исто така, ви овозможува да продолжите да го менувате своето однесување, денес снимаме 13 епизоди и ги гледаме во еден ден.
Освен QYOU, кои се други потенцијални модели за ТВ? Мислите ли дека иднината на линеарните канали е во емитувањето на онјалн содржини?
Убавината на телевизиската работа е во тоа што не одговара се за секого. Мисијата на нашата компанија беше да претстави висококвалитетни документарци. Кога започнавме да работиме, многу луѓе од очигледни причини, не споредуваа со MTV. Секако, нам ни годи споредбата со големи компании, ние сме сеуште start-up. Како на пример, HBO, беше стартуван за квалитетна програма на pay-TV , луѓето почна да размислуваат – ако е на HBO, тогаш станува збор за квалитетни филмови, потоа истиот случај беше и со сериите.
Слично, луѓето така почнаа да го препознаваат квалитетот на видеата кои се на Qyou, знаат дека ако определено видео е на Qyou – тогаш тоа видео тие сакаат да го погледнат !.
Кој одлучува дали видеото е достојно за Qyou?
Кога ја претставуваме компанијата, настојуваме да имаме три различни слајдови за да ги претставиме луѓето кои стојат позади неа. Првиот ги претставува основачите, вклучувајќи ме и мене. Потоа ги имаме креативците. Иако сум на чело на тимот, просечната возраст е веројатно 24 години. Она што им е заедничко на сите е дека станува збор за луѓе кои ги познаваат авторите и креативната заедница, негуваат однос со тие луѓе, соработуваат на видеата и забележуваат кој работи добро. Станува збор за комбинација на наши креативци и партнерства со бројни продукциски куќи. Кога се тоа ќе се земе во предвид, имаме мрежа од околу 5000 автори. Заради тоа партнерствата функционираат добро, тие прават нешто што ние не правиме, а ние правиме нешто што тие не прават. Ние не се занимаваме со интернет индустријата, туку со телевизиската. Односно со она што некогаш го нарекувавме телевизиска индустрија.
Дали работевте на новите проекти со некои од авторите чии што видеа ги прикажавте? Покрена ли некој од вас соработка со авторите преку другите платформи?
Кога почнавме, сметавме дека треба да се фокусираме на она што навистина работи добро, сакаме да имаме најдобар можен канал. Целта ни е, како што растеме, да вложуваме се повеќе во креативната заедница со помош на фантастичните луѓе кои се длабоко инволвирани во каналот. Сакаме да пронајдеме надарени автори и да им овозможиме ресурси за создавање на квалитетна содржина. На сето тоа би се радувале во иднина.
Што ве доведува вас на New Europe Market и што би сакале со тоа да постигнете? Што ви е интересно во Средна и Источна Европа? Планирате ли некој проект во регионот?
Европа за нас е секако едно од најинтересните подрачја. Повеќе луѓе работаат во продажба во Средна и Источна Европа и Латинска Америка, отколку било каде. Она што сакаме е да се претставиме во регионот – кои сме, што работиме, што нудиме. Сакаме да склучиме некој бизнис, да пронајдеме оператори во регионот кои би ни одговарале нас, како и ние нив. Исто така, некој ми испрати слика од градот каде што се одржува NEM – навистина е прекрасен!