За прв пат по децении, истакнатите американски весници Washington Post и Los Angeles Times одлучија да не поддржат кандидат на престојните претседателските избори во САД.
Washington Post претходно поддржувал кандидат на сите претседателски избори од 1976 година наваму, освен во 1988 година. Од друга страна, Los Angeles Times поддржувал кандидат во секој изборен циклус од 2008 година досега.
Двата весници веќе извесен период заземаат уредничка позиција спротивна на поранешниот претседател и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп, па се очекуваше дека и овој пат ќе го поддржат неговиот демократски противкандидат – актуелната потпретседателка Камала Харис. Но, тоа не се случи.
Се претпоставува дека одлуката да не биде поддржан кој било кандидат е донесена под влијание на самите сопственици на весниците, имено Патрик Сон-Шионг во Los Angeles Times и Џеф Безос во Washington Post. Меѓутоа, таквата одлука предизвика незадоволство кај дел од редакцијата, па неколку уредници, новинари и колумнисти дадоа оставки во знак на протест.
Надворешната реакција е исто така значителна, па Los Angeles Times наводно изгубил над 7.000 претплатници поради „уреднички причини“, додека пак NPR наведува дека Washington Post загубил неверојатни 200.000 претплатници поради одлуката.
Долгорочните последици од оваа одлука може само да се шпекулираат. Американските претседателски избори се закажани за 5 ноември.