Австрискиот бренд на луксузен накит Swarovski ја лансираше својата најнова кампања насловена „The Party of Dreams“ („Забава од соништата“), со американската поп-ѕвезда и амбасадорка на брендот Аријана Гранде во главната улога.
Централниот спот на кампањата нè враќа во „Громогласните дваесетти“, нудејќи осовременета визија на екстравагантна забава во некој кабаре-театар. Вниманието на сите присутни го привлекува влегувањето на Аријана Гранде, која носи блескави подароци од Swarovski за сите присутни, додека самата таа блеска на сцената.
„Добредојдовте во забавата од сонишатата на Swarovski. Танцувајте во текот на ноќта со нашата глобална бренд амбасадорка Аријана Гранде додека таа ја осветлува сцената во блескавиот фустан од Swarovski Couture и иконичниот накит Millenia. Прославете ја празничната сезона со танцување, радост и накит исполнет со светлина“ – порачуваат од брендот во описот на рекламата.
Кампањата е создадена според визијата на креативната директорка Џована Енгелберт и режисерот Кристијан Бреслауер, во соработка со огласувачката агенција Zenith.