Американскиот луксузен бренд на накит Tiffany’s објави нова кампања во пресрет на празничната сезона, со холивудската ѕвезда Ања Тејлор-Џој во главната улога.
Во централниот спот на кампањата ја гледаме Ања Тејлор-Џој во елегантен црн фустан како се движи низ идиличниот зимски пејсаж на еден сонишен Њујорк, каде се наоѓа седиштето на Tiffany’s. На поедини моменти, филмот се фокусира на специфични парчиња накит кои го китат телото на актерката.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Anomaly.