Германскиот ланец на маркети Lidl ја објави новата празнична кампања на британскиот пазар, насловена “A Magical Christmas” („Магичен Божиќ“).
Централниот спот на кампањата се осврнува на детските празнични желби и нивната возбуда при отворањето на Божиќни подароци, притоа алудирајќи на волшебното враќање на повеќе омилени ликови од претходните празнични кампањи на брендот. Меѓутоа, единственото поважно нешто од добивањето подароци, според кампањата, е нивното давање.
На тој начин, во соработка со локални добротоворни организации, Lidl ги повикува гледачите да ја споделат празничната магија и да донираат неотворени Божиќни подароци и играчки во нивниот фонд за деца од сиромашни семејства.