„Она што му треба на светот сега е љубов“ – гласи пораката што платформата за онлајн трговија Amazon ја испраќа со новата Божиќна кампања насловена „Delivering a show-stopping season“ („Испорачување на воодушевувачка сезона“).
Централниот спот на кампањата започнува со сцена во која еден чистач во театар си потпевнува песна додека ги врши своите секојдневни активности. Неговите колеги го согледуваат неговит скриен талент и потајно, со помош на Amazon и нивниот сервис за достава, му приредуваат настап на главната театарска сцена, пеејќи: „Она што му треба на светот сега е љубов“.
Празничната реклама веќе започна со емитување на европските пазари, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Ирска, Австрија, Белгија, Холандија и Шведска, а наскоро ќе започне со имплементација и на пазарите во Северна Америка.
Кампањата е осмислена од внатрешниот креативен тим на Amazon, а реализирана во соработка со режисерот Вејн МекКлами од продукциското студио Hungry Man.