Британскиот ланец на супермаркети Asda ја отпочна својата годишна Божиќна кампања, избирајќи оваа година да се откаже од партнерствата со познати личности во корист на тим од анимирани минијатурни херои во мисија да го спасат Божиќ.
Спотот почнува со двајца ноќни чувари во маркет на Asda, Меги и Бил, кои гледаат како надвор се таложи снегот. Меги е загрижени околу празничните подготовки на маркетот, бидејќи многу патишта во областа се затворени. Но, Бил, мирен и прибран, магично активира едно градинарско џуџе, испраќајќи сигнал до стотици други џуџиња низ целата земја. Наскоро, тие пристигнуваат во продавницата и со себе го носат празничниот дух, разиграно подготвувајќи го просторот за потрошувачите.
Додека џуџињата ја подготвуваат продавницата, спотот ја илустрира широката понуда што маркетот им ја нуди на клиентите: од стандардни намирници и стоки, до готвени вкусни јадења и десерти, облека, празнични украси и секако – градинарски џуџиња. „Џуџињата на Asda се веќе долги години омилени кај нашите клиенти и нè гледаа директно во лице како очигледни ликови за нашата нова Божиќна кампања“ – истакнува Дејвид Хилс, генерален директор за потрошувачи во Asda.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Havas London.