Паркирањето за многу возачи е прилично проблематично, посебно ако својот автомобил треба да го сместат на тесен паркинг простор. Затоа во Fiat се сетија на едно креативно решение, интерактивно рекламно пано кое на возачите им помага да се паркираат странично и така истовремено промовирајќи го системот за помош при паркирање на автомобилот Fiat 500.
Во неколку германски градови на ѕидовите пред паркинг места, каде автомобилите се паркирани еден зад друг, поставиле посебни плакати со различни ликови (‘секси’ плавуша, ‘кул’ дечко, деца и други). Тие реагираат на автомобилите кои се обидуваат да паркираат на тесното паркинг место.
Имено, растојанието помеѓу рацете на поедини глумци е еднакво на растоанието помеѓу возилото кое се паркира и она кое е паркирано пред него и така му помага на возачот да одржува сигурно растојание помеѓу автомобилите. Така, на забавен и кретивен начин порачуваат дека Фиатовиот асистент за паркирање е ‘секси’, ‘кул’ и ‘детски едноставен’.