Американскиот мултинационален гигант за кондиторски и други прехрамбени производи Mars започна глобална ревизија на договорите со своите агенциски партнери, опфаќајќи медиумски закуп и планирање, трговија, социјални медиуми, брендирање, односи со јавноста и инфлуенсер маркетинг.
Во моментов, компанијата соработува со EssenceMediacom на WPP за планирање и закуп на медиуми, со специјализираната Mars United Commerce на Publicis Groupe во сферата на трговијата и со Weber Shandwick на Interpublic Group во односите со јавноста. Сите актуелни партнери на Mars се поканети да учествуваат во процесот.
Продукцијата на креативни содржини, со кој управуваат агенциите BBDO и DDB на Omnicom, нема да биде опфатена со ревизијата.
Ревизијата, чии цели се наводно да се намали бројот на агенциски партнери на компанијата, се очекува да заврши во 2025 година.