Вчера во Порторож, Словенија, започна 23-то издание на регионалната медиска конференција SEMPL. Вечерниот дел од програмата беше резервиран за доделувањето на наградите Sempler, кои ги одбележуваат најдобрите медиски стратегии и кампањи во регионот за изминатата година.
Главната награда „Grand Sempler“ беше доделена за проектот „Poli 50 – I was there“ на агенцијата Futura DDB и клиентот Perutnina Ptuj од Словенија. Проектот исто така беше награден со златна награда за стратешка употреба на медиумскиот микс.
Дополнително, десетчленото меѓународно жири, предводено од Нермина Машала Келиќ, извршен директор на UM Sarajevo, додели уште десет златни Sempler награди во други категории. Листата на сите финалисти и победници можете да ја разгледате на следниот ЛИНК.
Овогодишното издание на натпреварот Sempler беше овозможено од златниот партнер Planet TV.
Денешниот ден е предвиден за вториот дел од конференциската програма на SEMPL 2024. Сите информации поврзани со конференцијата можат да се најдат на официјалната веб-страница ТУКА.