Глобалното трошење на реклами ќе порасне за просечни 4.2% следната година, а просечниот сооднос на реклама-продажба (потрошени долари на реклами како процент од целосниот приход) се проценува на 2.0%, според 39-от годишен “Advertising Ratios and Budgets” извештај, издаден на 10 јуни од страна на истражувачката компанија Schonfeld & Associates.
Извештајот ги проценува трошењето на реклами и соодносот на реклама-продажба за повеќе од 5000 индивидуални компании во повеќе од 320 индустриски сегменти.
“Тоа е прилично скромен раст”, изјави Керол Гринхат, претседател на Schonfeld & Associates и автор на извештајот. “Гледаме малку поголем раст секоја година, и зе враќаме на нивоата на трошење пред рецесијата. Индустријата се врти од традиционалните медиуми кон интернет трошењето. Има многу трошење, но не на истите места.”
Schonfeld ги собира податоците за трошењето од јавно објавени информации и ги анализира користејќи сопствен метод за прогнозирање. Извештајот вклучува информации за целосното трошење на реклами и промоции, не само мерени медиуми.
Врвната категорија за следната година ќе биде автомобилската индустрија, која ќе потроши преку 44 милијарди долари на адвертајзинг, 2.8% повеќе од овогодинешната проценка за трошење, се наведува во извештајот. Топ брендовите, вклучувајќи ги и Chrysler, Daimler, Ford, General Motors, Honda, Nissan, Toyota и Volkswagen поединечно ќе потрошат повеќе 2 милијарди долари на адвертајзинг во 2016.
Втората најголема категорија на трошење за реклами за следната година е составена од големи разновидни прехрамбени компании, кои ќе потрошат проценети 30.7 милијарди долари на реклами, малку повеќе од 30.4 милјарди долари за оваа година. Третата категорија ќе биде индустријата за безжични (wireless) комуникации, која ќе потроши проценети 23 милијарди долари на реклами, за 2% повеќе од оваа година.
Фармацевската индустирија, историски една од ‘најтрошачките’ категории, ќе го намали трошењето на реклами за 1.7% следната година, на 21 милијарда долари.
Индустријата која ќе потроши најмногу на адвертајзинг како процент од целосната продажба ќе биде производството на производи за широка потрошувачка, 6.5% за седната година. Следни се комуникациските производи и услуги со 3.2%.
Третото место е нерешено помеѓу компјутерската/софтвер индустирија и здравството, и двете со проценет сооднос на реклами-продажба од 3%.