Американскиот бренд на пиво Bud Light ја објави новата реклама со популарниот комичар Шејн Гилис, насловена „Wrong Commercial“ („Погрешна реклама“).
Видеоспотот започнува со сите белези на реклама за некој луксузен парфем: остри црно-бели визуелни слики, тунел во сенка и сексапилен женски модел кој седи на кауч додека гитарист свири во позадина. На каучот седи и Шејн Гилис, облечен во секојдневна облека, како држи шише Bud Light и изгледа тотално надвор од контекст.
Целиот збунет, комичарот, а потоа и продуцентите на рекламата сфаќаат дека настанала некоја грешка во кастингот. На негово место требало да дојде некој си Андре, за кого потоа гледаме дека си поминува одлично во некој бар, опкружен со пријатели, храна и многу пиво, додека гледаат натпревар од американската фудбалска лига.
Хумористичната реклама е дел од новата маркетинг стартегија на Bud Light насочена кон студентите и фановите на американскиот фудбал.