Брендот за спортска опрема Adidas ја лансираше својата долгоочекувана колекција Adizero Desert Runner, инспирирана од суштината на арапскиот регион: пустината. За да го одбележи лансирањето на оваа ексклузивна обувка за трчање, брендот го откри своето прво анаморфно уметничко дело во Обединетите Арапски Емирати. Создадено од глобално познатиот американски уметник Дејвид Попа, експанзивното анаморфно уметничко дело широко 100 метри, поставено во близина на Ал Мадам во Шарџа, им оддава почит на безграничниот потенцијал на пустината и духот на модерниот тркач.
Adizero Desert Runner е обувка инспирирана од пространоста на арапската пустина и треперливата сина оаза што ги пробива нејзините песоци. Оваа лимитирана едиција на обувки, со својата посебна палета на бои, симболизира повеќе од обична патика за трчање. Ја доловува еластичноста, приспособливоста и истрајноста на тркачите кои ги надминуваат границите.
Со цел да се промовира новата колекција, Adidas оствари соработка со уметникот Дејвид Попа, познат по неговите креации од голем размен специфични за локацијата каде се наоѓаат. Попа ги трансформира природните пејсажи со земјени мурали што инспирираат воодушевување и беспрекорно ја спојуваат уметноста со околината. Неговото творештво ја слави убавината на природата, создавајќи впечатливи визуелни искуства кои ја истакнуваат моќта на смата локација. Но, уметничките дела на Попа не само што го привлекуваат погледот, туку испраќаат и порака за значајноста на животната средина, преку израз во пресекот на уметноста и природата.
За оваа пригода, Попа конципираше анаморфно уметничко дело широко 100 метри во близина на Ал Мадам во Шарџа, еден од најпознатите пустински пејзажи во Обединетите Арапски Емирати. Конструирана од тим од тројца уметници и техничари во текот на девет дена, структурата прекрасно го отсликува шармот и практичноста на Adizero Desert Runner – смел, динамичен и вкоренет во природниот свет. Изработено од еколошки и рециклирани материјали, уметничкото дело ја доловува суровата суштина на пустината, истовремено симболизирајќи ја врската на обувката со земјата и нејзината активна синергија со тркачите.
„Уметноста во пустината е јазик сам за себе. Песокот, светлината и бесконечниот хоризонт се здружуваат за да формираат платно како никое други. Со ова уметничко дело, ја славиме убавината на пустината и нејзината единствена енергија. Обувката Adizero Desert Runner го отсликува овој дух – еластичност, движење и длабока врска со земјата“ – објаснува уметникот Дејвид Попа.
„Пустината претставува безграничен потенцијал и откритие. Обувките Adizero Desert Runner се дизајнирани да го отсликуваат тој дух – издржливи, прилагодливи и охрабрувачки за тркачите. Лансирањето на овој ексклузивен дизајн заедно со уметничко дело инспирирано од уникатната енергија на пустината го истакнува потенцијалот за влијание што секој тркач може да го има во регионот“ – додава Билал Фарес, виш потпретседател и генерален менаџер на Adidas EMC.
Патиките Adizero Desert Runner комбинираат врвна технологија за перформанси со дизајн кој ја почитува убавината и предизвиците на локалниот терен. Направени за тркачи од сите нивоа, овие обувки нудат совршена рамнотежа на удобност, стил и издржливост – давајќи им можност на спортистите да ги трасираат сопствените патишта.
Колекцијата Adizero Desert Runner ќе биде достапна за купување почнувајќи од 27 ноември, во продавница и онлајн на adidas.com.