Викендов во Берлин беа доделени наградите European Excellence Awards 2024, кои им оддаваат признание на европските ПР и комуникациски проекти и кампањи кои постигнале извонредни резултати во текот на изминатата година.
Во категоријата за употреба на вештачката интелигенција во комуникациите, победник е македонската агенција New Moment New Ideas Skopje со кампањата „Just Add Coca-Cola“ создадена за клиентот The Coca Cola Company.
„Повеќето платформи за вештачка интелигенција не препознаваат логоа и текст, а обидите да се добијат логоа на брендови завршуваат со деформирани и непрепознатливи резултати. Кока-Кола е еден од ретките исклучоци, која е толку иконична што дури и вештачката интелигенција ја препознава. Додека експериментиравме со вештачката интелигенција, откривме дека додавањето на само еден збор кон описот, дава сосема различни резултати во смисла на расположение и позитивна емоција. Тој збор е Кока-Кола“ – стои во описот на кампањата.
На фестивалот European Excellence Awards се натпреваруваат агенции и компании од 29 европски земји во широк опсег на категории. Целта е наградување на најиновативните и највлијателните кампањи кои поставуваат стандарди на извонредност во индустријата и служат како инспирација за комуникациските професионалци.
Целосната листа на победници за 2024 година е достапна на следниот ЛИНК.