Американскиот бизнис магазин Forbes ја објави традиционалната годишна листа на Топ 100 најмоќни и највлијателни жени во светот.
Листата за 2024 година беше составени врз основа на четири главни критериуми: пари, медиуми, влијание и сфери на влијание. За политичките лидери, исто така беше одмерен бруто домашниот производ и населението на нивните земји; за корпоративните шефови, криериуми беа приходите, проценките и бројот на вработени на нивните компании. За сите беше земен во предвид бројот на медиумски спомнувања и опсегот на нивната публика на социјалните мрежи.
Резултатот: 100 жени кои поседуваат колективна економска моќ од 33 трилиони долари и влијаат преку политика или личен пример на повеќе од 1 милијарда луѓе ширум светот. Нивното лидерство во финансиите, технологијата, медиумите и пошироко, се наметнува како силен одговор на оние кои ја доведуваат во прашање способноста на жените да поседуваат моќ.
Како и минатата година, така и во 2024 година првите две места ги држат претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен (66) од Белгија, и претседалеката на Европската централна банка Кристин Лагард (68) од Германија.
На третото место повеќе не се наоѓа американската потпретседателка Камала Харис, туку италијанската премиерка Џорџа Мелони (47), а на четвртата позиција се наметна новата претседателка на Мексико, Клаудија Шејнбаум (62).
Генералната извршна директорка на General Motors, Мери Бара (62) се искачи на петтата позиција, а веднаш по неа на шестото место следи генералната извршна директорка на американската инвестициска компанија Fidelity Investments, Абигејл Џонсон (62). На седмата позиција доаѓа Џули Свит (57), генерална извршна директорка на мултинационалната компанија за консултантски и професионални услуги Accenture.
Мелинда Френч Гејтс (60), претседателка на Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, се најде на осмата позиција. По неа следува авторката и филантроп МекКензи Скот (54) на деветтата позиција, а најмоќната десетка на жени во светот ја заокружува Џејн Фрејзер (57), генерална извршна директорка на американската банка Citigroup.
Најмоќна жена од Балканот, сместена на 13-то место на листата, е бугарката Кристалина Георгиева (71), која моментално ја извршува функцијата управен директор на Меѓународниот монетарен фонд. На 24-то место се наоѓа американката со српско потекло Фиби Новаковиќ (67), која ја извршува функцијата генерален извршен директор на производителот на воена опрема General Dynamics. На 80-то место се наоѓа турската бизнисменка Ѓулер Сабанџи (69), претседателка на индустрискиот и финансиски конгломерат Sabanci Holding.
Целосната листа на Топ 100 Најмоќни жени во светот за 2024 година според Forbes, со детален преглед и објаснувања за секоја вклучена личност, е достапна на следниот ЛИНК.