Победниците на овогодинешните Pharma и Health & Wellness Lions беа прогласени на Lions Health церемонијата на доделување награди, каде на оваа, втора по ред година на натпреварувањето, беа доделени вкупно 86 ‘лавчиња’.
Pharma Lions
Од 432 пријавени кампањи, 25 награди беа доделени во категоријата Pharma, а ‘Take it from a fish’ на DigitasLBI New York за Astra Zeneca го доби првиот Grand Prix.
Коментирајќи го изборот, претседтаелот на жирито Роб Роџерс, CCO и Co-CEO на Sudler, истакна дека жирито било воодушевено од стандардите на работа, кои ги опиша како со поголема разновидност и квалитет оваа година и како знак дека натпреварувањето созрева.
За Grand Prix победникот, тој рече, “ја откорна вратата на категоријата” и го отстрани митот дека тешка околина е бариера за идеи. “Регулативите не ја дефинираат креативноста. Ограничувањата понекогаш ја поттикнуваат креативноста”.
Health & Wellness Lions
Leo Burnett Mexico го освои првиот Grand Prix воопшто за својата држава со “Intimate Words” за Always на Proctor & Gamble во категоријата Health & Wellness.
Претседтелот на жирито, Ендру Спурген, Извршен креативен директор на Langland, истакна дека кампањата им овозможи на инаку тивките жени, глас кои им беше потребен како помош во заштитата на нивното здравје.
“Уште поневеројатно е капацитетот на оваа идеја да допре до жени од сите возрасти, за на крај да се пренесе преку генерациите. Always успеа да создаде наследство со поддршката на оваа индивидуална заедница, која за возврат ја демонстрира посветеноста на брендот за жените низ светот. Фантастичен пример за бренд кој се обидува да испорача креативност која менува животи.”
Вкупно 61 награда беа доделни во оваа категорија, од вкупно 1430 пријавени кампањи.
Young Lions Health
Победник во Young Lions Health, нова категорија заочната во партнерство со UNICEF и Unelever, е тимот на Mr. President, составен од Рајан Прајс и Цеце Чу, за нивната реклама ‘The Essentials’.
Специјални награди
Конечно, на настанот беа прогласени и серија специјални награди.
Наградата Lions Health Grand Prix for Good – отворена за кампањи добитници на Златен Лав, а неподобни за Grand Prix во својата категорија – со жири составено од членови на Pharma и Health & Wellness жиријата, како и претстваници од Фондацијата на Обединетите Нации, беше доделна на FCB INFERNO London за “This Girl Can” за Sport England.
Нахрадата Healthcare Agency of the Year беше доделена на Langland Windsor, втората награда за CDM London и третата за Medulla Mumbai. Додека пак првата награда за Healthcare Network of the Year беше доделена на CDM London, втората на McCann Health и третата на Publicis Healthcare Communications Group.
Коментирајќи ги сите резултати објавени на церемонијата на доделување награди, Директорот на Lions Health Festival, Луис Бенсон, изјави: “Вечерва покажа дека комуникациската индустрија во здравствената заштита е иновативна, руши бариери, и става свој печат во креативната извонредност. Им се заблагодаруваме на жирито за оценувањето со интегритет и страст и сме задоволни што во својата втора година, Lions Health ја овозможува арената за признавање на достигнувањата во индустријата”.