Кампањата „Подобро да застанеш отколку да заспиеш“ се состои од десетици песни генерирани од вештачка интелигенција во различни жанрови кои ги предупредуваат возачите за опасноста од замор преку радио, дигитални платформи и социјалните мрежи.
Заморот е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи и кога одиме на долги патувања – застанувањето и одморот се секогаш добра одлука. Оваа празнична сезона, ланецот на бензински пумпи INA, која има повеќе од 400 пунктови за одмор и продажни места на автопатите и патиштата низ Хрватска, одлучи да ја потсети јавноста на овој факт – и тоа на еден иновативен начин.
Во соработка со креативната агенција Imago Ogilvy и медиската агенција Dentsu Croatia, беше лансирана кампањата – “Bolje stati nego zaspati” („Подобро е да застанеш отколку да заспиеш“). Кампањата се состои од десетици песни генерирани со помош на вештачка интелигенција.
Песните се создадени во различни жанрови за да одговараат на сечиј вкус, програмската шема на радио станиците каде што се пласираат, но и специфичните локации низ кои поминуваат возачите. Така, возачите во Далмација ќе слушнат традиционална „клапска“ песна што зборува за близината на морето, во Славонија тамбурашка песна која зборува за заспаната рамнина, додека во близина на Загреб ќе слушнат урбан трап хит.
На YouTube или Spotify, преку кои често се слуша музика во автомобилите, рекламите со песни за уморот ќе допрат до возачите кои се наоѓаат во близина на клучните постојки за одмор INA и ќе им соопштат дека се во близина на некое важно патно одморалиште. Без оглед на музиката што ја сакате, како ја слушате или каде и да одите, ќе слушнете песна која ќе ве потсети на важна порака – ако се чувствувате уморни зад воланот, подобро е да престанете отколку да заспиете.
Со оваа кампања, прва од овој вид на хрвасткиот пазар, чија содржина е целосно креирана со помош на вештачка интелигенција, INA ја потврдува својата улога како еден од технолошките лидери на хрватското општество, надоврзувајќи се на својот слоган: Дека е со своите потрошувачи – секој пат.