Националниот музеј на Холандија (Rijksmuseum) во Амстердам објави нова бренд кампања која ги руши традиционалните бариери меѓу уметноста и публиката, истакнувајќи ги личните патувања низ историјата на уметноста.
Кампањата создадена во соработка со холандската креативна агенција Ace прикажува една жена која е магично „вшмукана“ во музејот, по што започнува да се соживува со изложените уметничките дела кои ја придвижуваат да изведува динамични акробации низ музејските салони.
„Летањето низ воздухот – акробации, смели потези и сета опрема за да се оствари – во најпрестижната културна институција во Холандија, преполна со непроценливи богатства на уметност, не беше ништо помалку од ризичен бизнис. Главниот изведувач мораше да го живее искуството, да го направи целосно реално – затоа што ако таа не го почувствува тоа, нема ниту публиката“ – објаснуваат од агенцијата.
Наратор на кампањата е англискиот актер, комичар и љубител на уметноста Стивен Фрај.