Агенциската групација Omnicom Media Group ја назначи Кејти Клајн како генерална директорка за инвестиции во регионот на Северна Америка, пренесува адвертајзинг магазинот Adweek.
Клајн претходно ја извршувала истата функција во агенцијата PHD, инаку дел од групацијата на Omnicom. На таа функција изградила интегрирана инвестициска мрежа која им служи на клиентите, вклучувајќи ги Burger King, Delta Airlines, Diageo, Uber и Volkswagen Group.
Претходно поминала повеќе од 16 години во агенцијата Zenith, издигнувајќи се до виш потпретседател и директор за национални видео инвестиции.
На новата функција во Omnicom Media Group, Клајн ќе надгледува буџет вреден 20 милијарди долари за медиумски инвестиции во традиционални и дигиталните комуникациски канали.
Нејзиното седиште ќе биде во Њујорк, а за својата работа ќе го известува генералниот извршен директор на Omnicom Media Group за Северна Америка, Ралф Пардо. Групацијата се очекува да ја соопшти нејзината замена во PHD на почетокот на јануари.
Нејзиното назначување доаѓа неколку недели откако Omnicom постигна договор за спојување со Interpublic Group и формирање на најголемата огласувачка групација во светот.