Повторно се наоѓаме на работ од кружницата… нели „Годината е круг околу светот“ – како што вели поговорката на народот Дакота. Но, стоењето на работ вообичаено се сфаќа како нешто опасно, страшно и непредвидливо, што донекаде е точно и во однос на Новата година и воопшто времето кое што сè уште не дошло. Не знаеме што ќе се случи, што нè очекува и со што ќе мора да се соочиме. Сепак, мора да останеме храбри.
Храброста не значи дека не треба да се плашиме – баш напротив: и храбриот човек се плаши, но тој ја има силата да го надвладее стравот (да го парафразираме Нелсон Мандела). Па така, гледајќи в очи на Новата година, да ѝ пристапиме со храброст. Да зачекориме во неа со самодоверба и да ѝ кажеме: ќе се видиме повторно, на истиот овој раб, за 365 дена!
Искористете ги овие денови за полнење на батериите и за полнење на мемориите. Да уживаме во „светото време“ на празниците, со најблиските и најмилите, а потоа повторно се фаќаме со работа за да твориме и да го направиме светот поубав – во вистинскиот дух на креативноста.
Ви посакуваме среќна и успешна Нова година и среќни и вековни Божиќни празници!
Бидете живи и здрави! Продолжуваме да се читаме и во следните 365 дена!
од тимот на Маркетинг365