Како што Формула 1 започнува со активностите за прослава на 75-годишнината од основањето, швајцарскиот часовничарски бренд TAG Heuer го соопшти враќањето како официјален мерач на времето на тркачките патеки. Со богата историја во Формула 1 која опфаќа повеќе од седум децении, 2025 година го означува возобновувањето на едно специјалното партнерство кое отелотворува луксуз, прецизност, иновација, перформанси и брзина.
Во последниве години, под водство на Liberty Media, Формула 1 прерасна во едно од културно најзначајните и најуспешни тркачки првенства во светот, со 750 милиони фанови ширум светот, повеќе од 90 милиони следбеници низ социјалните мрежи и база на фанови која станува сè помлада и поразновидна, така што 42% од обожавателите се сега жени, а еден од три фанови имаат под 35 години. Сезоната за 2024 година забележа 1,5 милијарди гледачи, со епски финиш во Абу Даби како дел од неверојатната битка меѓу Мекларен и Ферари за шампионатот на конструктори.
Со својата горда историја во тркачките спортови и мерењето на времето, заедно со зголемената популарност на престижното натпреварување, TAG Heuer ќе се врати како „Официјален мерач на времето“ за Формула 1.
„Во спорт дефиниран со ментална отпорност, физичка сила, стратегија, иновации и перформанси, сосема е природно TAG Heuer да биде во срцето на Формула 1 како официјален мерач на времето“ – истакнува Антоан Пин, извршен директор на TAG Heuer, кој додава: „Со децениската историја во Ф1 која нè поврзува со најуспешните возачи и тимови на сите времиња, ние сме почестени и привилегирани да бидеме тие што се поврзани со главниот критериум што го дефинира победникот: времето. Додека Формула 1 и нивниот исклучителен тим продолжуваат да се надоврзуваат на неверојатната работа што е досега направена за да се создаде еден од најголемите брендови во спортот, ние сме возбудени што ќе бидеме дел од ова патување и ќе создаваме нови приказни кои ќе го збогатат TAG Heuer.“
„Среќен сум што можам да му посакам добредојде на TAG Heuer како официјален мерач на време на Формула 1, отпочнувајќи ја следната фаза од нивната долга историја во нашиот спорт. Со нивниот фокус на иновациите, прецизноста и извонредноста, тие се природен партнер и возбуден сум што гледам како нашето испреплетено наследство може да раскаже нови приказни за иднината додека ја славиме нашата 75-та годишнина“ – посочува Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1.
Оваа 2025 година ќе го означи почетокот на спектакуларната нова ера во повеќедецениската приказна помеѓу TAG Heuer и Формула 1. Како официјален мерач на времето за Формула 1, TAG Heuer ќе има значително присуство во и надвор од тркачките патеки, преку брендирање, фан зони, разни активности и нов асортиман на производи кои ја опфаќаат драмата и возбудата на Формула 1.