Регионалниот натпревар на креативноста BalCannes влегува во завршницата на доцниот рок за пријавување, но има одлична вест за сите креативци кои сакаат да ги овековечат своите успеси на регионалната сцена!
По редовниот и доцниот рок (кој трае до 20 јануари 2025 година, до крајот на денот), сите апликанти на натпреварот BalCannes ќе можат да ги пријават своите проекти во дополнителниот период за аплицирање, кој ќе трае од 21 јануари 2025 година до 30 јануари 2025 година (до крајот на денот) и повеќе нема да се продолжува. Услов за аплицирање во дополнителниот пријавен рок е додатен надоместок за процесирање во износ од 15 евра + ДДВ на тековната цена за аплицирање.
Оваа година BalCannes носи и посебни поволности за учесниците: агенциите кои редовно поднесувале проекти во последните две години ќе имаат можност бесплатно да поднесуваат дополнителни проекти, односно на секои три апликации можат да додадат уште една бесплатно (3 + 1, 6 + 2, 9 + 3…). Дополнително, осмислен е посебен стимул за новите учесници – право на бесплатно прво пријавување имаат сите агенции кои не пријавиле проект во последните две години.
Натпреварот овозможува поднесување на комплетни, интегрирани кампањи, како и поединечни, уникатни делови во рамките на една кампања кои претставуваат единствена идеја реализирана во квалификацискиот период од 20.01.2023 до 20.01.2025 година. Ова е можност да се истакнат најдобрите креативни дела и да се освои престижна награда.
Повеќе информации за процесот на аплицирање и достапните поволности, како и годишниот извештај на BalCannes, кој вклучува информации за веќе наградени проекти, се достапни на официјалната веб-страница на натпреварот.