Во медиумите се појави информација дека италијанскиот моден бренд Prada ја разгледува можноста за купување на конкурентот Versace, кој што е наводно ставен на продажба од страна на матичната компанија Capri Holdings.
Ваквиот развој на настаните доаѓа како резултат на намалените приходи на американската лускузна групација Capri, кој што е исто така сопственик на брендовите Michael Kors и Jimmy Choo. Всушност, во ноември минатата година пропаднал договор за целосно купување на Capri Holdings од страна на американската Tapestry.
По пропаѓањето на тој договор, раководството на Capri сега ја разгледува можноста за потенцијална продажба на нивните брендови поединечно, иако не ја отфрла ни можноста за продажба на групацијата како целина.
За разлика од Versace и Capri Holdings, конкурентот Prada бележи позитивни финансиски резултати и амбиции за потенцијална експанзија. Со цел формулирање на соодветна понуда за Versace, Prada наводно се консултира со американскиот банкарски гигант Citi. Двете компании претходно соработувале на проект за двојна котација кој потоа бил ставен во мирување.
Финансиската консултантска компанија Bernstein ја определува вредноста на Versace помеѓу 1.75 и 2.19 милијарди долари, не вклучувајќи го нивниот долг.