Секоја година, 1 од 10 бебиња ширум светот се раѓа предвремено. На Блискиот Исток, родителите на предвремено родени деца се соочуваат со уникатни предизвици, вклучувајќи стигма, дезинформации и изолација. Додека болниците обезбедуваат витална грижа за бебињата, кој ги поддржува родителите за време на нивното предизвикувачко патување?
Со цел зголемување на свесноста за предвременото раѓање, Pampers во Обединетите Арапски Емирати ја лансираше книгата „Lullabies for Preemie Babies & Parents“ – срдечна иницијатива на приспивни песни наменети за смирување на предвремено родените деца и поддршка на нивните родители.
Оваа специјална книга ги реинтерпретира класичните детски рими со стихови осмислени да понудат мотивација и надеж, со реални приказни од родители кои имаат предвремено родени деца. Книгата се дистрибуира во болниците, продавниците на Union Coop и преку дигитални канали, охрабрувајќи ги семејствата кога им е најпотребно.
Електронската верзија на книгата е достапна за разгледување на следниот ЛИНК.
Покрај книгата, приспивните песни се достапни и како аудио снимки, проследени со ритам кој го имитира научно докажаниот смирувачки ефект на чукање на срцето. Песните се достапни на дури 32 стриминг платформи – вклучувајќи ги Spotify, Apple Music и YouTube Music.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција HAVAS Red Middle East.