На првиот кат од Скопје Сити Мол започнува нова и возбудлива иницијатива – „Сити базар“. Платформата подразбира организирање месечни настани, кои ќе го оживеат духот на оригиналните и современи производи, како и на традиционалните уметности, нудејќи широка палета продукти изработени од вештите раце на македонските ракотворци.
„Сити базар“ ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници… насочени кон промоција на македонските креативци. Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно се грижи за поддршка на локалните производители и занаетчии. Со оваа иницијатива ќе се поттикнат и посетителите да го поддржат домашното производство и да го ценат креативниот влог на македонските ракотворци.
Јануарска викенд приказна – се првите два базари, кои ќе бидат дел од платформата „Сити базар“.
На ПРВИОТ КАТ од молот на 18 и 19 јануари ќе земат учество: Малезан Филигран, One of a cup, Номади Количеви, од пчеларското здружение „Природен мед“ земаат учество: пчеларство Додевски, пчеларство Аврамоски и пчеларство Радически, Креативно студио Алегра, Филигран од Срма Софија, Весна Зафировска, Карло Хорват, Stardust Kejt Rakotvorbi, Медена, Marcy’s handmade, ЕКО восочни обвивки, Julie Decoupage, Love Corner и Јуник Корнер.
На 25 и 26 јануари на ПРВИОТ КАТ од молот ќе се претстават: Ателје Tara Fashion, VGJ Art, Irena’s bouquets, од пчеларското здружение „Природен мед“ земаат учество: пчеларство И.З.Про-Мед и пчеларство Митревски, INFINITY DIVINE, МЕДАРНИЦА, Мое катче, INFINITY ACCESSORIES, Катарина Дода, Еpoxy handmade by clay, Аrtemis- рачни изработки, Ателје Сиена, ФРЕНКЛИ, Zen.Zeal и Монкдолс.