Швајцарскиот бренд на луксузни часовници TAG Heuer ги претстави своите револуционерни новитети на шестото издание на „LVMH Watch Week 2025“.
Оваа година започна силно за брендот со обновувањето на нивното историско партнерство со Формула 1, по повод 75-годишнината од основањето на најпопуларниот мотоспорт во светот. Како дел од ова партнерство, TAG Heuer ја претстави новата колекција „TAG Heuer Formula 1 Chronograph“, која се состои од смели дизајни инспирирани од историјата на Формила 1, вклучувајќи ја тука и специјалната соработка со тимот на Oracle Red Bull Racing.
На настанот беа претставени и новите часовници во колекцијата „Carrera“, вклучувајќи го „TAG Heuer Carrera Chronosprint x Porsche Rallye“, инспириран од релито Монте Карло од 1965 година, како и прекрасните виолетови модели на „TAG Heuer Carrera Chronograph“ и „Chronograph Tourbillon“ со нивните впечатливи градирани бројчаници.
Додавајќи дополнителен допир на луксуз, моделот „TAG Heuer Carrera Chronograph“ од скапоцени материјали доби дијамантска надоградба, додека „TAG Heuer Carrera Date“ ги прифати пастелните нијанси за помека и поелегантна естетика.
Секој од претставените часовници ја нагласува посветеноста на TAG Heuer за поместување на границите во хоролошките иновации и извонредноста на дизајнот.
Во продолжение погледнете ги часовниците што TAG Heuer ги претстави на „LVMH Watch Week 2025“:
- TAG Heuer Formula 1 Chronograph
- TAG Heuer Formula 1 Chronograph x Oracle Red Bull Racing
- TAG Heuer Carrera Chronosprint x Porsche Rallye
- TAG Heuer Carrera Chronograph & Chronograph Tourbillon – Purple Editions
- TAG Heuer Carrera Chronograph – Diamond-Set Versions
- TAG Heuer Carrera Date
Официјални застапници за производите на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.