Во време кога светот е „поврзан“ повеќе од кога било, социјалната одговорност станува клучна тема за секој од нас. Секој чекор што го правиме и секоја порака што ја испраќаме има потенцијал да создаде позитивна промена. Новогодишната кампања на СОС Детско село, поддржана од неверојатни 84 инфлуенсери и јавни личности, го потврди значењето на оваа мисија.
Оваа кампања го докажа влијанието на социјалните мрежи и можноста преку нив да се создадат позитивни промени. Инфлуенсерите и јавните личности со нивната моќ да инспирираат и мотивираат, ја пренесоа пораката за важноста на грижата за децата без родителска грижа до широка публика. Преку нивната посветеност, оваа кампања стана повеќе од иницијатива – стана заеднички потфат за подобро општество.
Сакаме да изразиме голема благодарност до сите 84 поддржувачи кои се приклучија на нашата кауза. Нивната поддршка не само што ја зголеми видливоста на нашата мисија, туку и придонесе за директна помош на најранливите, децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село.
Нашата мисија продолжува, а јавните личности остануваат наши партнери во создавањето позитивни промени. Ги покануваме сите кои сакаат да направат разлика да ни се приклучат и заедно да изградиме подобра иднина за децата.