БЕАМ Фестивалот ги повикува сите заинтересирани да ги поднесат своите апликации најдоцна до 31 јануари 2025 година. Ова е единствениот фестивал во Македонија и регионот што ги наградува најдобрите настани и креативната работа на професионалците од индустријата за организација на настани.
БЕАМ започна во 2023 година како платформа што ја препознава и наградува извонредноста во организацијата на настани. Во претходните две изданија, фестивалот успеа да постави нови стандарди за креативност, иновации и професионалност, привлекувајќи учесници од различни сектори, меѓу кои се компании, агенции и институции.
БЕАМ е повеќе од фестивал – тој е признание за трудот, визијата и креативноста кои стојат зад успешните настани. Учеството значи дека сте дел од друштвото на најдобрите професионалци и креативни лидери во индустријата.
Оваа година, жирито составено од 22 врвни професионалци од креативните индустрии, маркетинг, PR и live комуникации, ќе ги оценува најуспешните проекти од 2023 година. Наградите ќе бидат доделени на свечена гала вечер во март 2025 година, каде што најдобрите ќе добијат признание за својата работа.
„Со БЕАМ создадовме платформа што ја препознава и слави креативноста, напорната работа и визијата на сите што стојат зад настаните. Учеството не е само натпревар – тоа е можност за поврзување, размена на идеи и инспирација. Оваа година очекуваме рекорден број апликации и со нетрпение го очекуваме моментот да ги откриеме победниците“ – изјави Маја Бабиќ, организатор на фестивалот.
БЕАМ нуди можност за пријавување во различни категории, покривајќи културни, корпоративни, музички, хуманитарни настани и многу други. Апликациите се отворени до 31 јануари 2025 година а процесот на пријавување е брз и едноставен. Сите детали за критериумите, правилата и категориите се достапни на www.beamfestival.mk.