Данскиот бренд на накит Pandora одлучи да го консолидира глобалното медиско портфолио со јапонската агенциска мрежа Dentsu, која ќе биде задолжена за медиското планирање и закуп за брендот на 36 светски пазари, вклучувајќи ги САД, Обединетото Кралство, Франција и Италија.
Групацијата Dentsu започна да соработува со Pandora во 2016 година, a нејзината улога беше проширена во 2022 и сега во 2025 година. Агенциската мрежа ќе работи како глобален медиски партнер на Pandora во следните две години.
Во текот на нивното повеќегодишно партнерство, Dentsu изгради специјализиран оперативен модел нарачен Pandora Experience Lab, кој вклучува закуп на медиуми, маркетинг на перформанси, односи со потрошувачите и креативна продукција. Во рамките на нивната соработка, Dentsu исто така го има развиено Global Performance Studio, фокусирано на социјалните медиуми и интернет пребарувањето.
Оперативниот модел на Dentsu кој ја опслужува Pandora е составен од персонал и технологија на агенциските брендови Carat, iProspect, Merkle и Tag, кои се дел од јапонската огласувачка групација.