Во својата нова кампања за електричниот модел ë-C4, францускиот производител на автомобили Citroën се враќа на својата традиција на спектакуларни филмови, комбинирајќи научна фантастика и емотивност. Кампањата, во режија на режисерот Гери Фридман, ја раскажува фанатастичната и неочекувана приказна за неверојатното пријателство помеѓу една млада жена и вонземјанин.
Човечкиот протагонист се обидува на секаков начин да му помогне на нејзиниот нов пријател, со цел тој да го најде својот вселенски брод. Возбудливите бркотници со воени хеликоптери и полициски автомобили ја обележуваат нивната авантура. Но, токму кога се чини дека сè доаѓа до среќен крај, вонземјанинот открива вистинска опсесија со ë-C4, избирајќи ги револуционерните удобности на возилото наместо да го продолжи своето галактичко патување.
„Сакавме да ја доловиме суштината на Citroën: нудење возила што комбинираат иновација, пристапност и радост на живот. Оваа кампања ги истражува универзалните емоции како што се самодовербата и изненадувањето, истовремено истакнувајќи ја незаменливата удобност на Citroën ë-C4“ – објаснува Федерико Гојрет, маркетинг директор на Citroën.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција BETC Paris и продукциското студио Very Content.