Новата серија Galaxy S25 претставува врв во мобилната технологија, комбинирајќи напредна вештачка интелигенција и извонредни перформанси за да го подобри вашето секојдневно искуство со мобилниот тлефон. Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra се создадени да ги задоволат највисоките стандарди на продуктивност, креативност и безбедност, нудејќи најнови иновации во стилски дизајн. Со овие телефони, Samsung ги подигнува границите на тоа што мобилните уреди можат да постигнат, а подолу во овој текст ќе се фокусираме на два од трите нови модели од серијата – Galaxy S25 и Galaxy S25+.
Одлични за работа и за забава
Galaxy S25 и Galaxy S25+ се создадени за да ги задоволат потребите на корисниците комбинирајќи компактност, моќ и интелигентна технологија. Системот на функции со вештачка интелигенција Galaxy AI донесува унапредени, како и нови функции, кои го прават секојдневното користење на уредот побрзо, попаметно и полесно. Без разлика дали ви треба помош за управување со повеќе задачи или за подобрување на вашата продуктивност, Galaxy S25 серијата е подготвена да ги задоволи сите ваши потреби.
Galaxy S25 е компактен и елегантен, со екран од 6,2 инчи и батерија од 4.000 mAh, што го прави идеален за оние кои сакаат лесен и за нијанса помал телефон. За оние кои бараат нешто поголемо, Galaxy S25+ доаѓа во стандардно поголем екран од 6,7 инчи и батерија од 4.900 mAh, овозможувајќи поголем простор и подолготрајна употреба. Иако секој од овие телефони има своја уникатна големина и капацитет, и двата модели се опремени со Armor Aluminum рамка и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, што ги прави издржливи и отпорни на вода и прашина. Galaxy S25 и Galaxy S25+ не само што изгледаат добро, туку и се подготвени за секоја авантура.
Galaxy AI
Една од најголемите предности на Galaxy S25 серијата е вградената вештачка интелигенција. Galaxy AI која ја подигнува мобилната продуктивност на ново ниво. Со само еден допир, Galaxy AI ги активира вашите апликации за да работат заедно, овозможувајќи ви непречено завршување на повеќе задачи истовремено. Популарната функција Пребарување со заокружување (Circle to Search) ви овозможува да пребарувате информации, телефонски броеви или да испратите порака со едноставен допир, додека функцијата Транскрипција на повик (Call Transcript) ги организира вашите разговори во автоматски создадени белешки.
Исто така, AI се грижи и за вашите креативни потреби. Системот Помош за пишување (Writing Assist) ви овозможува да пишувате, резимирате и форматирате документи без да менувате апликации, додека функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) ви помага да создавате визуелни идеи со лесно комбинирање на текст, скици и визуелни насоки. Со овие функции, Galaxy S25 и S25+ ви обезбедуваат беспрекорни алатки за продуктивност и креативност кои работат во позадина, за да можете да се фокусирате на важните работи.
Кога станува збор за фотографии и видеа, Galaxy S25 и S25+ се опремени со напреден AP (Application Processor), кој ја подобрува Nightography функцијата за ноќни снимки, овозможувајќи ви да добиете фотографии со извонредна јасност и живописност дури и во услови на слаба осветленост. Galaxy AI во системот од камери овозможува интелигентно препознавање на осветлувањето и автоматски ги прилагодува за да добиете природни и детални портрети, без да се грижите за параметрите на камерата. Овие телефони ќе ги трансформираат вашите фотографии, со јасни бои и детални слики, кои изгледаат како да се направени од професионален фотограф.
Не треба да заборавиме на безбедноста. Galaxy S25 и S25+ се опремени со систем на Personal Data Engine, кој обезбедува обработка на вашите лични податоци директно на уредот, што го гарантира нивното безбедно чување и заштита од неовластен пристап. Samsung Knox Vault ја шифрира вашата приватност и ја чува вашата безбедност на највисоко ниво.
За сите кои сакаат да комбинираат елегантен дизајн со напредна технологија, Galaxy S25 и S25+ се одличен избор. Со овие уреди, добивате не само моќни телефони кои ќе ги исполнат вашите барања, туку и уреди кои изгледаат и се чувствуваат како вистински моден додаток. Galaxy S25 серијата го поставува новиот стандард за мобилните телефони – интелигентни, стилски и подготвени за сè што животот ќе ви понуди.
Серијата Galaxy S25 е веќе достапни во малопродажба. А доколку сакате да бидете чекор пред сите, можете веднаш онлајн да го нарачате вашиот нов Galaxy S25 или Galaxy S25+.