Производителот на безалкохолни пијалаци Кока-Кола го претстави својот најнов вкус во ограничено издание за американскиот пазар, наречен “Orange Cream”, кој го комбинира иконичниот вус на Кока-Кола со ноти на портокал и кремаста ванила.
Лансирањето на новиот вкус ја следи стартегијата на Кока-Кола за задржување на интересот на потрошувачите со нови и необични вкусови во лимитирано издание. Имено, во последните неколку години, како дел од платформата “Creations”, компанијата претстави пијалаци во разни вкусови – вклучувајќи го вкусот на „вселената“, на „иднината“, на „пикселите“ итн.
Но, овој пат, наместо футуризам, Кока-Кола одлучи да се сврти кон минатото – одлучувајќи се за вкус на сладолед (портокал со ванила) кој прв пат се појавил во далечната 1905 години, за повторно да добие на интерес во последниве десетина години.
Овој „носталгичен“ аспект на новиот вкус е одразен и во најновата реклама на брендот, прикажувајќи традиционално американско предградие, каде вниманието на сите го предизвикува мал камионет за сладолед кој ја служи новата Кока-Кола со портокал и ванила. Видеоспотот е проследен со ретро-хитот „Fantasy“ на Мараја Кери од 1995 година.