Според најновата истражувачка публикација на ZenithOptimedia, “Advertising Expenditure Forecasts“, објавена деновиве, во 2017 година интернетот ќе биде најголем адвертајзинг медиум во 12 клучни пазари, кои претставуваат 28% од целосниот глобален пазар.
Во четири од овие пазари интернет рекламирањето ќе привлече повеќе од половина од целиот адвертајзинг колач. Глобално, интернетот ќе остане на второто место, после телевизијата, но разликата од 11 процентни поени од оваа година, во 2017 ќе изнесува само 4. процентни поени.
Минатата година, интернетот беше доминантен медиум во седум пазари – Австралија, Канада, Данска, Холандија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство – а до 2017 ќе доминира и во уште 5 – Кина, Финска, Германија, Ирска и Нов Зеланд.
Во Обединетото Кралство, интернетот оваа година ќе учествува со повеќе од 50% во целиот колач, истото ќе биде случај во Данска и Шведска наредната година и во Кина во 2017.
Главниот двигател на интернет порастот е мобилниот адвертајзинг. Помеѓу 2014 и 2017 од ZenithOptimedia предвидуваат дека мобилниот адвертајзинг ќе го зголеми својот удел во глобалниот колач од 5,1% на 12,9% .
Глобалниот адвертајзинг колач ќе порасне 4,2% во 2015 година.
ZenithOptimedia прогнозира дека глобалниот адвертајзинг колач оваа година ќе порасне за 4,2% достигнувајќи 531 милијардадолари а во 2016 година растот ќе биде 5,0% пред се благодарение на Летните Олимписки игри во Рио и Претседателските избори во САД. Во 2017% ќе има мал пад на трендот, растејќи само 4,3%.
Повеќе на следниов ЛИНК.