Италијанскиот бренд на луксузна мода Valentino лансираше нова кампања за колекцијата пролет/лето 2025, со наслов “Pavillon des Folies” („Павилјон на будалаштините“).
Опишана како „сложена и деликатна максималистичка фантазија“, кампањата нè внесува во ексцентричниот ум на вљубениците во високата мода, чија домашна хармонија ја нарушуваат мистериозни ликови со животински маски и проливањето на млеко, вода и боја на црвениот тепих.
„Наратив синтетизиран и суспендиран во времето. За Valentino Pavillon des Folies, портретите на различни ликови стануваат архетипови што треба да се истражуваат, облечени во комбинациите на креативниот директор Алесандро Микеле“ – се посочува во описот на кампањата.
Креативната визија на Микеле е преточена во конкретните визуелни елементи преку соработка со режисерот и фотограф Глен Лучфорд. Моделите во кампањата се: Летен Диркс, Киеран Ричбер, Глори, Ген Итакура, Веиј Фанг, Арек Џон и Ејми Бирн.