Глобалната мрежа на креативни агенции BBDO, дел од групацијата Omnicom, ја претстави својата нова креативна визија и глобално позиционирање после речиси 30 години, одлучувајќи се за „Правење големи работи“ („Do Big Things“).
BBDO беше долго време дефинирана по својата методологија на работа брендирана како “The Work, The Work, The Work”. Иако таквата темелна вредноста останува, еволуцијата на брендот сигнализира подлабока културна промена: „Правете големи работи“ означува обновен фокус на креативноста што ги предизвикува очекувањата, поставува нови индустриски стандарди и ја потврдува основната цел на огласувањето – да се поттикнува значајно и големо влијание.
Притоа, од агенцијата нагласуваст дека одредницата „големи работи“ не се однесува буквално на големината, туку на решавањето големи проблеми, постигнувањето големи резултати и партнерство со брендови со смели и големи амбиции.
Новото позиционирање на BBDO е иницирано и предводено од глобалната генерална извршна директорка Ненси Рејес, како и глобалниот генерален креативен директор Крис Бересфорд-Хил, и има за цел да ја редефинира улогата на агенцијата во развојот на огласувачката индустрија – останувајќи доследна на своите креативни корени.
„Луѓето велат дека адвертајзингот е мртов. Да се биде голем е лошо. Големото е старо. Верувам дека е малоумно да се мисли дека големото е лошо. Во BBDO, ние не само што ги прифаќаме големите работи – туку и преземаме одговорност за нив. На најголемите светски проблеми им се потребни смели идеи, бестрашно раскажување приказни и брендови подготвени да направат влијание. Брендовите кои ја обликуваат иднината не мислат на мало. Тие преземаат ризици, прават врева и бараат креативност која не само што функционира – туку и победува. Затоа сме тука. Затоа правиме големи работи. Големите проблеми бараат голема стратегија и креативност што предизвикуваат вистинско влијание. Големите таленти напредуваат во средина каде што им е овозможено да го постигнат своето најголемо јас. Големите брендови не се задоволуваат со просечност – тие предизвикуваат и иновираат“ – истакнува Ненси Рејес, генерална извршна директорка на BBDO Worldwide.
Ваквото репозиционирање на BBDO доаѓа во време кога матичната групација Omnicom планира спојување со досегашниот конкурент Interpublic, сè со цел формирање на наголемиот огласувачки гигант во светот.