Во денешното време на растечки дигитални медиуми и нивно севкупно присуство во животот на луѓето, принтаните весници/магазини паѓаат во бројки на тираж секоја година, ако не и месец.
За да се поттикне нивната продажба (некако како непишано правило), се создава добра насловна страна која знае да го продаде весникот/магазинот. Нашиот најтиражен весник најдобро го знае го знае тоа.
Во САД деновиве се дигна голема прашина откако магазинот Rolling Stone го објави осомничениот за бомбите на Бостонскиот маратон Џохар Царнаев на својата насловна страница под наслов “Како популарниот и ветувачки студент беше изневер од својата фамилија, потпадна под влијание на радикалниот ислам и се претвори во чудовиште.”
Со тоа, магазинот си создаде buzz меѓу луѓето и другите медиуми низ САД, кои што медиуми посветувајќи му внимание на магазинот и неговата одлука да го направи истото, му дадоа огромен публицитет и бесплатен рекламен простор. Иако критиките се скоро универзално против тоа “убиец како Царнаев да стои на насловна страница и да биде на исто рамниште како и рок звездите (кои што се вообичаен декор на насловната страна на истиот магазин)”, магазинот не ја повлече својата насловна страница. И не мисли да ја повлекува.
Rolling Stone е познат по своите радикални насловни страници, но ова е нешто што очигледно предизвикува голема дебата до каде може да се оди со етичноста не некои постапки. Барем за стандардите во 21-от век. Впрочем, магазинот има добиено и награда за слична приказна и насловна страна во 1970-тата година, кога објави интервју со Чарлс Менсон, сериски убиец, директно од неговата затворска ќелија.
Математиката е едноставна – доколку истото успеа во 1970-тата, зошто да не би успеало и денес? Но, во математиките треба да се вметне и промената на општеството и неговите реакции.